Современиот крал на валцерот, светската ѕвезда Андре Риу најавува спектакуларен концерт во Скопје. На 6-ти јуни, годинава, за прв пат во Македонија, концерт во живо на кој маестралниот холандски музичар ќе настапи со неговиот, Оркестар Јохан Штраус, воедно и најголемиот приватен оркестар на светот.
Во пресрет на премиерната средба со македонската публика, славниот Андре Руи испрати и специјален видео поздрав за своите фанови во Македонија, снимен на подготовките за овој ексклузивен музички настан, а со кој ѕвездата воедно навестува и бројни изненадувања за скопскиот концерт.