Во Мостар вчера беснееше силно невреме, а олујниот ветер превртуваше камиони на патиштата. Пожарникарите имале полни раце работа, паѓале дрва, семафори, предмети, контејнери, камиони се превртувале по улиците. Едно лице е повредено кога му паднало стебло на автомобилот. Силниот ветер туркал и столбови на електричната мрежа, поради што неколку делови на Мостар повеќе часови останале без струја.
Мостарската Противпожарна служба информираше дека на повик на граѓаните имала 16 интервенции, при кои нејзините припадници помагале во остранување на последиците од невремето.
Федералниот хидрометеоролошки завод на Босна и Херцеговина соопшти дека и во текот на денешниот и утрешниот ден се очекуваат силни веторови во Херцеговина и во југозападна Босна.