Кога членовите на семејството на доктор Харолд Цар дознале дека добиле гаража во наследство, очекувале голем неред, многу прашина, меѓутоа, кога ја отвориле останале без коментар.
Во внатрешноста на гаражата, помеѓу купишта медицински апарати, 1500 конзерви пиво, илјадници сметки, па дури и шпионски костуми за нуркање од светската војна, се наоѓал и Бугати 57Ѕ од 1937 година, еден од само 17 – те направени!
Сите знаеле дека докторот бил познат по страста кон автомобилите, но никој не знаел дека поседува еден ваков примерок.
Колекционерите многу сакаат автомобили. „Бугати 57 Ѕ е многу вреден затоа што никој не го користел 50 години. Беше тоа еден од изворните супер – автомобили“ , објасни неговиот внук. „Кога е изграден можел да вози 130 км/ч, во време кога другите автомобили можеле д направат само 50 км/ч“.
Харолд го купил автомобилот пред повеќе од 50 години за 15 500 фунти, околу 22 200 долари, а неговото семејство го продала автомобилот на аукција за повеќе од 3 милиони фунти, што е повеќе од 4,3 милиони долари.
-Секако дека сме воодушевени, семејството е пресреќно што ќе ги подели овие пари“, кажал неговиот внук по продажбата.
Извор: Македонијаденес – прочитајте ОВДЕ