Кандидатката од ВМРО-ДПМНЕ за претседател на државата, Гордана Силјановска Давкова во вечерашното интервју на телевизија Канал 5 рече дека таа ќе ја води кампањата и со ВМРО-ДПМНЕ, но и ќе води независна кампања, информира Фокус.
-Ќе имам и кампања и со ВМРО-ДПМНЕ и независна кампања. Јас очекувам граѓаните да го направат вистинскиот избор, изненадена сум пријатно од собирањето на потписите. Јас предлагам конкретни промени. Димитров со деценции беше со ВМРО-ДПМНЕ, паметиме што збориме 2011 година во Судот во Хаг. Јас не сум била во политиката од 1994 година. Нема поголема надеж од држава во која владее правото, само таа надеж е европска надеж. Не се оди во ЕУ со кршење на правото: од начинот на кој се менуваше Уставот, до амнестијата, до начинот на вработувањата, рече Силјановска.
Гордана Силјановска Давкова е кандидат кој е силно поддржан од раководството на ВМРО-ДПМНЕ и тие силно веруваат во нејзина победа на претседателските избори.