Популарната пејачка Јелена Карлеуша која е еден од членовите на жирито на „Ѕвезде Гранда“, обидувајќи се да го прокоментира изгледот на девојката која доби силна поддршка од Ана Бекута, се доведе себеси во ситуација во која што беше буквално исвиркана од публиката во шоуто, а кандидатката и одговори на еден мудар и смирен начин, со што Карлеуша доби посилен одговор отколку што можеби и таа самата очекуваше.
Карлеуша ја праша кандидатката од каде потекнува, при што праша дали можеби Требиње, местото од каде што доаѓа е на планина, бидејќи нејзиниот изглед асоцира на тоа. Но, Карлеуша врвот го достигна кога ја праша кандидатката дали имаат струја и интернет во Требиње.
За тоа каков одговор доби Карлеуша, погледнете во видеото на 1:45 минута.