Мицкоски вечерва гостин на ТВ21 во 21 часот

0
2
Христијан Мицкоски ВМРО ДПМНЕ ПРЕС

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска ќе биде гостин во телевизија 1 ТВ.

Тој на својот Фејсбук профил објави статус и ги повика сите симпатизери да го следат неговото гостување кај Сашо Ордановски во спочеток во 21 часот. Следете ме денеска на 1 ТВ во 21 часот со Сашо Ордановски, пишшува на официјалната фејсбук страница на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Повеќе: Епидемијата на непотизам е навистина застрашувачка. Ги има зафатено функционерите на СДСМ на сите можни нивоа. На државна сметка се закачиле блиски роднини на пратеници, членови на Влада, но и на сите градоначалници, реагира Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Денес ќе ви презентираме неколку сомнежи за непотизам кој владее на локално ниво кај што се заразени блиски роднини на градоначалниците на СДСМ. Дали вработување како професор во ОУ „Маршал Тито“ во Струмица добила сопругата на Марјан Јанев, инаку градоначалник на Василево од редовите на СДСМ? Дали вработување во Водостопанство Кавадарци добила ќерката на Бранко Јанев, градоначалникот на Росоман? Дали вработување како професор во ОУ „Кочо Рацин“ во Дојран добила сестрата на градоначалникот на Дојран, Анго Ангов? Патем токму оваа институција е под директни ингеренции на братот, а сестрата баш таму станува професорка. Претпоставуваме дека изговорот ќе биде дека била единствен или најдобар кандидат, како и во сите претходни случаеви каде што се правдаат, односно се обидуваат да се оправдаат, истакна тој.

Арсовски посочи дека вработување во Агенцијата за храна и ветеринарство добил братот на градоначалникот на Пехчево, Драган Тренчовски.

Дали Вработување во Централен Регистар добил првиот братучед на градоначалникот на Ѓорче Петров, Александар Наумовски? Сестри, ќерки, браќа, сопруги, золви, снаи, свекрви и фризерки се најважниот критериум за вработување во Република Македонија во време на овој криминален картел кој што е на власт. Граѓаните гледаат како администрацијата се полни не според мерит, туку според Мира Дизел систем, а тоа граѓаните ќе треба да го плаќаат со народни пари прибирани од зголемените даноци, зголемените акцизи, давачки или безмилосните задолжувања на Тевдовски. Граѓаните ќе плаќаат за порамнување на роднинските односи на функционерите на власта, порача портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here