7.8 C
Skopje
Tuesday, December 10, 2024

Мицкоски: Проекцијата е дека ќе освоиме околу половина милион гласови, Силјановска Давкова е идниот претседател на Македонија

Гордана Силјановска Давкова имаше цврсти ставови кои беа во паралела со ставовите на ВМРО-ДПМНЕ. Ние ја поддржавме Силјановска Давкова и таа е идниот претседател на Македонија, очекувам поддршка од сите граѓани кои сакаат да го пратиме Заевизмот во историјата. За прашањето за евентуален бојкот, Мицкоски рече дека очекува масовна поддршка, а веднаш по поразот на претседателските избори СДСМ ќе морале да распишат предвремени парламентарни избори.

Јас сум убеден дека најмалку консензуален кандидат е оној ќе биде кандидиран туку е кандидат поддржан од две партии за да намали поразот кој ќе се случи на следните претседателски избори. Јас сум убеден дека кога би излегле со еден кандидат, ќе изгубат и ДУИ и СДСМ. Проекција е дека ќе освоиме околу половина милион гласови, Силјановска Давкова е идниот претседател на Македонија. Јас повеќе се плашам од бојкот од СДСМ и ДУИ кога ќе ги видат резултатите од првиот круг. Ако ме прашувате дали за претседателските избори ако се случат истите настани како на референдум, односно ако имаме гласачи побрзи од спринтер на 100 метри, и дали тоа можеме да го толерираме, тогаш ќе ви кажам дека тоа нема да го толерираме.

Тоа што се случи на референдумот, не смееме да имаме гласачи кои ќе гласаат на 2 секунди бидејќи тоа не е можно, рече Христијан Мицкоски.

поврзани објави

Последни објави