5.8 C
Skopje
Wednesday, November 27, 2024

Србија го призна новото име на државата, од сега за нив сме Северна Македонија

Србија во иднина ќе ѝ се обраќа на Македонија со новото име, реши Владата во Белград, давајќи занимливо објаснување за заклучокот врз основа на известувањето на официјално Скопје до Обединети нации.

„Со оглед на тоа дека Република Србија има добри и развиени односи со оваа соседна земја, а промената на името е спроведена на правно валиден начин, Владата ја констатира промената на името и во идната комуникација ќе го користи името Република Северна Македонија или скратеното име Северна Македонија“, се вели во соопшението.

Универзитетскиот професор и поранешен амбасадор, Блерим Река на неговиот профил на Фејсбук ја потврди веста, која утрово се ширеше по албанските медиуми, за својата кандидатура за претседателските избори во нашата земја.

-Не можам да одговорам на сите медиуми и пријатели, преку оваа објава ја објавувам мојата кандидатура за претседател на Република Северна Македонија; со надеж дека ќе биде поддржана. Постојат две причини за оваа одлука. Прво: само со македонските кандидати, без ниту еден Албанец, ова мултиетничко општество ризикува да се лизне во моноетничка држава; и Албанците само гласачи, но не и гласани. Второ, само интелектуалната критика – без да се влезе во политичка конфронтација – не е доволно за да се промени ситуацијата. Тие на Фејсбук остануваат виртуелни, додека животот сепак е реален. Впрочем, историјата ја пишуваат државниците; интелектуалците само пишуваат за историјата, напиша професорот Река во својот профил.

поврзани објави

Последни објави