6.8 C
Skopje
Sunday, December 1, 2024

Колку Македонци го носат името Александар во нашата држава и кое е најчестото женско име?

Секое 50-то момче во Македонија се вика Александар. Официјалните податоци покажуваат дека ова е најчестото машко име кое го носат над 23 илјади Македонци. Според статистиките, најчесто женско име, пак, е Марија, го носат околу 21 илјада Македонки. Еден Александар за ТВ 21 раскажува какво е чувството да се носи име на голем антички јунак.

Освен Александар, во Македонија ќе сретнете и многумина со името Зоран, Никола, Ејрон, Горан, Енис, Филип, Дејан, Анди, Петар, Игор, Бленди, Илија и Стефан. Кај жените, освен Марија, многу популарни се и Аделина, Елена, Блеона, Весна, Билјана, Сара, Ана, Елифе, Сузана, Илирида и Виолета. Една од нив ни раскажува како татко и не го послушал советот од кумот. Од службата која се грижи за матичните книги на родените, велат дека во последно време освен традиционалните имиња, тренд се и странските.

Во Законот за лични имиња во РМ се вели дека секој поединец треба да има лично име и презиме, во рамки на етичките норми, почитувајќи го јавниот морал. Според регистрите, од 1992 година ниту едно лице не го добило името Киро, Димко, Моме, Коце или Рубинчо, чести имиња во минатото. Меѓу новите генерации нема ниту Крстана, Ристана, Светлана, Благуња или Трајанка.

Според податоците од 2016, од Заводот за статистика, во Македонија живеат 2.073.702 жители, со стапка на наталитет од 1.6 насто во последните 10 години. Родовата структура е прилично урамнотежена, од вкупното население има само 3000 мажи повеќе од жени. Бројките покажуваат уште нешто интересно – најмногу бебиња се раѓаат во март, а најмалку во декември, само 9,2 отсто.

поврзани објави

Последни објави