8.8 C
Skopje
Tuesday, December 10, 2024

Овие предмети од домаќинството имаат многу пократок рок на траење отколку што мислите

Некои предмети од домот кои ги користиме мора веднаш да ги исфрлиме од употреба или да ни останат само за спомен, затоа што нивниот рок на траење одамна завршил и не смееме повеќе да ги користиме.

1. Дрвен прибор за готвење

Рок на траење: до 5 години или кога ќе забележите напукнувања, промена на боја или почувствувате дека површината на одредени делови неповратно омекнала.

Не заборавајте дека дрвото е порозен материјал кој впива мирис, влага, но и бактерии. Затоа дрвениот прибор треба веднаш да се мие по употреба, не треба предолго да стои воден меѓу нечисти садови и не треба да се суши на влажно место.

2. Гумена или силиконска шпатула

Рок на траење: до 2 години или кога ќе променат боја, напукнат или кога ќе почнат да се кинат.

Мистријата има еден голем хигиенски проблем. Повеќето од нив се направени од 2 дела – дршка и глава. Спојот меѓу тие два дела е местото во кое влегуваат остатоци од намирници кои ги користиме и тој дел тешко се чисти. Кога ќе забележите дека има талог кој не може да го отстраните, тогаш е време за нова мистрија.

3. Садови со нелеплива површина

Рок на траење: до 3 години или кога ќе забележите дебели гребаници, кога површина почнува да се лупи и да влегува во храната.

Ако сакате да го продолжите векот на траење на ваквите садови, задолжително покријте го со хартија пред да ставите други садови во него. Ако сте во можност, држете ги обесени на ѕид или на некоја друга површина.

4. Пластични штици за сечење

Рок на траење: до 3 години или кога траговите од ножот ќе станат толку длабоки што веќе од нив не можете да ги исчистите остатоците од храна.

Не заборавајте дека за секој вид производ ви треба посебна штица. На онаа за риба или месо не приготвувајте овошје или зеленчук и обратно, за можните бактерии од месото и рибата да не ги заразат и другите производи.

5. Мали кујнски ножици

Рок на траење: до 5 години или кога ќе за`рѓаат, имаат климава дршка или кога нема да можете да ги наострите повеќе.

Овие повеќенаменски ножици често се во употреба, скоро секојдневно ги користиме и поради тоа лесно се трошат – особено оние со назабена острица. За да им го продолжите векот на траење, еднаш неделно задолжително брусете ги.

поврзани објави

Последни објави