6.8 C
Skopje
Monday, December 9, 2024

Заев: Пендаровски е заеднички кандидат за заеднички цели – градење едно општество за сите

Почна конгресот 23. конгрес на СДСМ, на кој се очекува со акламација да биде избран претседателскиот кандидат на владејачката пратија Стево Пендаровски,кој доби поддршка уште од триесетина други партии, вклучително со ДУИ.

Во хотелот Александар Палас се повеќето членови на најтесниот партиски раководатво и членови на владата, како и претставници на дел од партиите од коалицијата. Пендаровски на конгресот влезе придружуван од партискиот лидер Зоран Заев. Со него беа и други членови на владата, меѓу кои и Радмина Шекеринска и Оливер Спасовски кои беа меѓу четворицата фаворити за претседателската кандидатура покрај Никола Димитров кој во моментов не е присутен во салата каде што се одржува конгресот.

Право на глас имаат 783 делегати, ама се очекува Пендаровски да добие широка поддршка со оглед на тоа што е единствен кандидат. Во своето воведно обраќање Заев објасни дека Пендаровски е заеднички кандидат за заеднички цели – градење едно општество за сите, просперитетно и европско. Тој го претстави Пендаровски како претседател за сите.

поврзани објави

Последни објави