Најстарото и најтешко повреденото девојче од четирите деца кои татко им ги фрли од балкон од куќа во Паг, се разбудило и е при свест, рекле лекарите.
Девојчето е генерално во подобра состојба, се разбуди, при свест е, самостојно станува. Можно е наскоро да нема потреба за интензивно лекување, туку за лекување во нормално одделенеие – рекол докторот Тони Матиќ од загрепскиот КБЦ Ребро.
Заменик директорот на задарската болница Еди Каруц за ТВ Н1 потврдил дека две од четирите деца добро закрепнуваат и подготвени се за пуштање од болница. Наскоро ќе биде подготвено и третото девојче, а болницата во Задар, во договор со социјалните служби би требало да ги предаде на хранители.