-0.2 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Несторовски за Газета: Инзаги е мојот идол, посакувам да постигнам барем половина од него

Еден од најдобрите македонски фудбалери во моментот, Илија Несторовски, се наоѓа во фантастична форма во дресот на Палермо, каде веќе успеа да забележи 9 погодоци.

Тој во интервју за италијанската „Газета дело Спорт“ зборуваше за сезоната во Плаермо, неговите амбиции и останатите македонски фудбалери кои играат во Италија.

„Само со напорна и обединета работа ќе избориме опстанок во лигата. Јас искрено се надевам дека и следната година ќе играме во Серија А. Задоволен сум во Палермо и сакам да останам овде“, вели Несторовски.

По голот против Кротоне минатиот викенд, кој беше и пресуден за победа на неговиот тим, италијанските медиуми го споредија со „кралот“ на казнениот простор, Филипо Инзаги.

„Инзаги е идол на многу фудбалери, тој е икона на италијанскиот фудбал. Ќе бидам задоволен доколку постигнам барем половина од тоа што го постигна тој“.

Несторовски не заборави да ги спомене и неговите колеги, македонци кои играат во Серија А, моментално неговиот клубски колега Александар Трајковски, и Горан Пандев кој настапува за Џенова.

„Со Трајковски сме големи пријатели. Тој е фантастичен напаѓач и одлична личност. Имаше маестрален наптревар против Кротоне, но немаше среќа со повредите. Според мене тие се зад него, а голот против Џенова беше клучен за неговиот морал. Што се однесува до Пандев, тој е пример за сите и модел за професионалец. Тој напиша историја во италијанскиот фудбал, посакувам да дојдат до то што тој го постигна.“

Фантастичниот напаѓач се потсети и на голот против Италија, кога успеа да ја затресе мрежата на легендарниот Буфон.

„Македонија и Палермо се мојата голема љубов, никогаш нема да ги разочарам.“

Несторовски во текот на зимскиот преоден рок беше поврзуван со многу европски екипи, но на крајот самиот тој реши да остане во Палермо и да им помогне на своите клубски колеги во битната за опстанок во Серија А.

поврзани објави

Последни објави