5.8 C
Skopje
Wednesday, November 27, 2024

Мојата сопруга, синот и ќерката утрово беа во авионот: Порака од словачки пратеник го трогна Балканот

Пратеникот од Словачка, Антон Хрнко со својата објава на Фејсбук го трогна цел Балкан. Ако се знае причината за неговото писмо, се ќе ви биде јасно.

Во продолжение прочитајте:

Со длабока тага објавувам дека мојата драга сопруга Бланка, синот Мартин и ќерката Мишел, утрово загинаа.

Антон Хрнко, словачки пратеник, објавил дека неговата сопруга и двете деца се меѓу загинатите патници кои биле на летот на “Ethiopian Airlines”.

“Со длабока тага објавувам дека мојата драга сорпуга Бланка, синот Мартин и ќерката Мишел починаа во текот на воздушната катастрофа во Адис Абеба денес во утринските часови”, напишал тој и замолил за малку тишина во нивна чест.

S HLBOKÝM SMÚTKOM OZNAMUJEM, ŽE MOJA DRAHÁ MANŽELKA BLANKA, SYN MARTIN A DCÉRA MICHALA ZAHYNULI POČAS LETECKEJ KATASTROFY V ADDIS ABEBE DNES V RANNÝCH HODINÁCH.KTO STE ICH POZNALI, VENUJTE IM TICHÚ SPOMIENKU.

Posted by Anton Hrnko on Sunday, March 10, 2019

Животот на овој лет го изгубиле 157 патници.

Меѓу патниците имало 32 државјани на Кенија, девет од Етиопија, по осум од Италија, Кина и САД, седум од Велика Британија и Франција, шест од Египет, пет Холанѓани, по четири лица од Индија и Словачка, по три од Австрија, Шведска и Русија, по двајца од Мароко, Шпанија, Полска и Израел.

На кобниот лет имало по еден државјанин на Белгија, Индонезија, Сомалија, Норвешка, Того, Мозамбик, Руанда, Судан, Уганда, Јемен и Србија.

поврзани објави

Последни објави