3.8 C
Skopje
Wednesday, November 27, 2024

Иванов ги вратил назад сите закони во Собранието, на кои пишувало Република Северна Македонија

Претседателот Ѓорге Иванов вратил закони чиј указ не го потпишал до Собранието во кои името на државата било напишано Република Северна Македонија, потврдуваат од Собранието за ТВ 24. Од кабинетот на претседателот засега нема коментар.

Според процедурата, овие закони мнозинството ќе треба повторно да ги изгласа, по што претседателот мора да ги потпише.

Според праксата во минатото, Иванов одби да го потпише указот за Допговорот од Преспа и Законот за јазици иако пратениците го изгласаа по вторпат.

Собранискиот спикер, Талат Џафери ги прати во Службен весник само со неговиот потпис.

Извор: 24.мк

поврзани објави

Последни објави