Марта Ина Ингам ја изгубила својата чанта во 1954 година, во средно училиште во Индијана, а по 65 години, таа ќе ја добие назад заедно со покана за матурската вечер.
Кога градежната компанија во текот на работата срушила дел од средното училиште во Џеферсонвил, еден работник во рушевините пронашол одамна изгубена чанта. Во неа имало уште некои слатки спомени од средношколските денови на кои Марта, сега веќе 80-годишна старица, веќе заборавила.
Во чантата имало паричник, фотографии, новинарски написи и хартии од бонбони, распоред за одржување на кошаркарските натпревари, возен автобуски ред, црвен кармин и шнола за коса.
Можеби најинтересно од сѐ, внатре имало и писмо во кое момче ја кани Марта да биде негова партнерка за матура. Ова е приказната објавена од порталот Точка.
“Драга Марти, чув дека Пол те поканил да одиш со него на матурската вечер – ако не, јас би сакал да одиш со мене. П.С. Ако си ја прифатила поканата на Пол, те молам заборави дека те прашав. Ако те прашал, а сѐ уште не си прифатила, те молам размисли за мојот предлог. Со љубов, Торчер”, пишувало во писмото.
Во чантата имало уште едно писмо од младото момче Картер, пишува “Daily Mail”.
“Пол е добро момче, но никогаш нема да го фатиш, пребрзо трча”, стоело во писмото. Ерин Боџоркез која е вработена во училиштето, објавила фотографија од чантата на Марта на Фејсбук страницата на средното училиште и ги замолила сите кои можеби ја познаваат Марта да ја известат за пронајдената чанта. Така, информацијата се пренела до сопственичката која денес живее на Флорида.
Прочитајте повеќе ОВДЕ, на изворот Точка