Една од најголемите балкански ѕвезди, популарната Лепа Брена признава дека била кај Баба Ванѓа, а открива и што и било кажано на таа средба.
Ќе се омажиш за човек во бело. Ќе живееш во складен брак, но само ако не избереш сопруг странец“. Прво што ми падна на памет дека тоа ќе биде доктор, бидејќи мојот татко беше медицински работник, па тоа некако ми дојде прво на памет. Бело одело, бела униформа, рекла Брена и додала:
„Не бев многу одушевена, бидејќи не можев да замислам да патувам по светот, а тој да работи во некоја болница. Подоцна сватив дека бел спорт е тенисот, има бела униформа. Мислев дека ќе налетам на некој доктор, аптекар или можеби фурнаџија, а се појави тенисер во бел комплет. Кога го сретнав Бобо, ми се бендиса неговата спонтаност и искреност”.