8.8 C
Skopje
Tuesday, December 10, 2024

Видео: Трендафилов Нанче како кандидат за градоначалник на Охрид од ГДУ – како институциите на државата не можат да запрат незаконска градба?

Кандидатот за градоначалник на Охрид Михаил Трендафилов Нанче во интервју за порталот Трибуна рече дека му е чест што настапува како кандидат на ГДУ, ги кажа своите планови за во иднина, но испрати и остра критика до институциите на државата по однос на градењето на минарето на Алипашина џамија.

Жалосно е што и после 2 години откако ја видовме вистината за Алипашината џамија, нема никакво одобрение добиено, освен конзерваторско, по што си продолжуваат да си работат. Тогаш се случува една работа – како институциите во Македонија не можат да запрат градба која не е законска, вели Нанче и притоа додава: На таа табла која е поставена има конзерваторско одобрение, тоа има важност до јули 2018 и тоа е поминато. Тоа во точка 6 вели дека тие треба да си добијат регуларно одобрение за градење. А тие за луѓето, кои не се информирани табла на која пишува дека има конзерваторско одобрение, по што луѓето се во заблуда дека всушност има одобрение, а нема одобрение за нивна градба.

Ние баравме таму мултикултура, тоа да биде музеј. Алипашината Џамија е прогласена за културно историско наследство. Зошто да не работат за да се извадат пластовите од Рим, по што минарето немаше да доминира, туку ќе доминираше мултикултурата, при што придонесуваат за поголем јаз односно верски проблеми, нешто што никогаш го немало во Охрид, рече кандидатот за градоначалник на Охрид од редовите на ГДУ Михаил Трендафилов Нанче.

Интервју со кандидатот за градоначалник на општина Охрид г. Михаил Трендафилов- Нанче

Михаил Трендафилов-Нанче: Преродбата почнува од Охрид, тоа не е случајно. Ќе работиме домаќински и чесно за да изгрее новото сонце на слободата!

Posted by Трибуна on Saturday, March 16, 2019

поврзани објави

Последни објави