11.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Села за Алими: Тој ми го спаси животот, а е осуден поради тоа што не ги спречил сторителите кои денеска се на слобода и се амнестирани

Централното Собрание на Алијасата за Албанците денеска во Дебар одржа состанок на кој се расправаше по повеќе прашања. Состанокот се одвиваше без прсуство на медиумите по што изјава даде лидерот Зијадин Села.

– Во Македонија од незавиноста па се до овој момент, никогаш не се одржани коректни и слободни избори. Така беше и на локалните извори. Она што се случуваше на изборите во Струга е доказ дека секогаш имало манипулации на изборите, бидејки имаше манипулација на гласовите од страна на СДСМ и ДУИ, посочи Села.

Во врска со безбедносната состојба во земјата и судските процеси и пресуди истакна дека тие може да влијаат и на претседателските избори, закажани за 21 април.

– Судскиот процес за настаните од 27 април во Собранието на Македонија против Абдулфета Алими е политички монтиран процес, бидејки тој наместо да биде прогласен како херој доби казна од седум години затвор. Тој мене ми го спаси животот, а се суди затоа што не ги спречил во отварањето на вратите сторителите кои денеска се амнестирани и се на слободна, рече Села во врска со судскиот процес за настанате од „27 април“ и пресудата на Алими.

Прочитајте повеќе на ФОКУС – Овде

поврзани објави

Последни објави