Замислете село или градче во светот каде што никој не пуши цигари. Би поверувале во таа приказна? Во селото Леваван во Ирак, постои такво нешто. Имено, мештаните од тоа село не конзумираат цигари цели 23 години.
Во ова село живеат 256 мештани и никој од нив не конзумира не само цигари, туку и било какви други тутунски производи. Ова село поради тоа е познато како „село на непушачите“. Еден од најстарите жители на селото кој има 65 години раскажува за моментот кога сите престанале да пушат. Додека бегавме од вониците, некогаш мораше и да трчаме. Секако, на пушачите тоа им беше тешко. Поголемиот дел од нив го напуштија овој свет млади и тоа секако влијаеше на другите мештани.
Притоа тој напоменува дека во селото многу се спортува и работи, а на никој не му ниту текнува на цигари.