6.8 C
Skopje
Thursday, December 12, 2024

Бабичка на свои 109 години ви ги дава советите за долговечност: Избегнувајте ги и мажите

Најстарата жителка на Шкотска, но и една од најстарите бабички на светот, Џеси Галан која има 109 години, која има одлично здравје и меморија, ја откри тајната на нејзината долговечност. Џеси Галан е бабичка која живее сама, поточно нема сопруг, никогаш не се омажила. Родена е во мала двособна куќа на фарма каде живеела со нејзините пет сестри и брат.

Јадете секое утро овесна кашичка и избегнувајте мажи, вели низ смеа бабичката. Таа вели дека долговечноста и е базирана на тоа што всушност избегнувала мажи во текот на својот живот. Мажите прават дополнителни проблеми кои не ви се потребни во животот. Таа исто така истакна дека многу се движи, секое утро јаде чинија топол овес.

Иако е најстара во Шкотска, сепак таа не е најстарата жителка на светот. Таа чест и припаѓа на Јапонката Мисао Окава која во март 2015 година го прослави својот 117 роденден. На свои 13 години работев како млекарка, вели таа и притоа додава: Водев сметка многу да вежбам, никогаш да не се омажам и да јадам умерено.

поврзани објави

Последни објави