27.8 C
Skopje
Thursday, June 13, 2024

По два часа прекин: нормализиран патниот правец Битола – Прилеп

Патниот правец Прилеп – Битола е повторно отворен за сообраќај, по два часа прекин поради сообраќајна несреќа, информираа од Автомото сојузот на Македонија (АМСМ).

Поради сообараќјна несреќа која се случи околу 17:15 часот, кај месноста викана Лагово, немаше услови за одвивање на нормален сообраќај, поради што беше забрането движење во двата правци.

Од СВР Битола се уште не информираа за сообраќајката, но според очевидци на настанот, се стравува дека има и една жртва. Увидот е завршен, поради што во моментот сообраќајот се одвива нормално.

поврзани објави

Последни објави