2.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Трикови кои ги користат маркетите, а ВИЕ паѓаат на нив

Во големите маркети, ништо не е случајно – од начинот на редење на производите, до музиката и миризбата кои се шират низ целиот простор.

Има многу стратегии со кои маркетите се обидуваат да привлечат повеќе потрошувачи, а откако ќе ги привлечат, да ги натераат да купат повеќе.

Дури и оние кои знаат некои од овие трикови, сепак успеваат повторно да паѓаат на нив, додека пак, некои успешно ги игнорираат.

Во продолжение погледнете со кои трикови се служат маркетите:

1. Мирисот на тазе печен леб или месо предизвикува да купите дури и ако не сте имале намера.

2. Некогаш намерно има само големи корпи или колички, за да имате потреба повеќе да ги полните.

3. Колку повеќе купувате, толку повеќе консумирате, па затоа често пакетите се со зголемена количина.

4. Ретко кои потрошувачи ја памтат цената на повеќе од неколку основни производи, па маркетите може лесно да си играат со намалените цени и промоциите.

5. Зеленчукот и овошјето намерно е на почетокот на маркетот, за кога ќе влезете шаренилото од бои да ве инспирира да купувате повеќе.

6. Многу маркети пуштаат музика со ритам кој ве тера да купувате повеќе, па најдобро е да носите слушалки ако не сакате да паднете на овој трик.

7. Наместо да купите нешто од производите кои сами ги готват, нарачајте го однапред за денот кога ви треба, за да ви биде свежо, а не од она што е изложено подолго време.

8. Маркетите ги користат психолошките трикови и ве примамуваат со промоција на повеќе производи за 1 цена, иако многу често купувањето поединечно може да биде и поевтино, но не секогаш.

поврзани објави

Последни објави