2.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Дали навистина црните мачки и скршеното огледало значат несреќа – одговорот е тука

Дали некогаш сте чукнале во дрво или пак сте се изнервирале дека црна мачка ви го пресекла патот?

Дури и да се сметате за скептична личност која не верува во вакви работи, сигурно во еден миг од животот сте слушнале барем за неколку од овие суеверија.

Зошто веруваме дека црните мачки и скршеното огледало значат несреќа?

Потеклото на 7 суеверија:

Античките Римјани верувале дека огледалата содржат делови од нашата душа, па кршењето на огледалото сметале дека влијае на рушење на нечие здравје и благосостојба.

Велењето „на здравје“ по кивањето потекнува од верувањето дека во античко време се верувало дека човек може при кивање да си ја „исфрли“ душата.

Античките Египјани верувале дека чадорите се за аристократите и нивната сенка ја сметале за застрашувачка.
Ги носеле само аристократите и секој што не е дел од елитата, а застанел под сенката од чадорот се сметало дека прави престап.

Во средниот век луѓето ги поврзувале црните мачки со ѓаволот и сакале дури да ги истребат сите.

Постоело верување дека поминувањето под скала потпрена на ѕид носи лоша среќа.

Тоа се должело на фактот што скалата потпрена на ѕид правела триаголна форма и ја поврзувале со светото тројство, па минувањето таму го кршело тројството.

Чукањето во дрво е традиција од античките пагански култури кога се верувало дека духовите и боговите престојуваат во дрвјата.

Грчките астрономи верувале дека „паѓањето на ѕвезда“ значело дека боговите се симнуваат од небото за да ни ги исполнат желбите.

поврзани објави

Последни објави