7.8 C
Skopje
Tuesday, December 10, 2024

20 совети за долговечност од 100. годишен Русин

Советите на Русинот кој наполни 104 години, ќе ве натераат да ги смените вашите животни навики. Во секоја од овие 20 реченици се крие вистинска ризница на мудрости. Советите на Русинот кој ја остварил својата долговечност се:

Научете се да гледате „живо“ и да уживате во се. Во тревата, во дрвјата, во воздухот, во птиците, во животните, во земјата, во небото. Гледајте се околу вас со многу љубов и со полно срце и тоа вам ќе ви возврати. Ова е мудрост, знаење, почит кое нема да го пронајдете во ниту една книга.

Оделете си време за себе, да излезете надвор, да прошетате, да вдишате чист воздух, да се опуштите. Секоја прилика покрај вас имајте вода. Ќе се ослободите од лошите мисли, а истовремено ќе вршите вистинска детоксикација на својот организам. Конзумирајте често лимион и мед. Тоа е вистинска комбинација.

Овошјето треба да биде дел од вашето секојдневие. На прво место, цвеклото. Нема нешто подобро од тоа на земјата. Јадете за да живеете, наместо да живеете за да јадете. Пијте многу вода и домашен сок и движете ги вашите нозе. Сонцето изгреа и зајде поради вас т.е поради нас. Користете го сонцето и бидете често изложени на сонце. Со луѓето бидете љубезни, а секоја расправија или нервоза сведете ја на минимум и секогаш бидете позитивно расположени и гледајте на позитивната страна.

Бидете и трпеливи, не отперетувајте си ја душата со непотребни грижи. Битно е да запамтите дека најдобар лек за телото и душата се: постот, молитвата и физичката работа.

Дали знаевте дека најстариот модел во светот има 80 години и изгледа одлично? Кинезот Дешун Ванг има 80 години и неверојатна животна енергија поради која е тешко да се поверува дека е навлезен во деветтата деценија од животот. Тој стана медиумска ѕвезда откако прошета по модната писта, воодушевувајќи ја публиката со својата енергичност.

На 24 години бил актер во театар, а на 44 години одлучил да го научи англискиот јазик. Пет години подоцна основал група со пантомимичари, заминал за Пекинг и започнал од почеток. На 50 години за првпат почнал да вежба, а 7 години подоцна извел претстава пред публика.

Тој исто така вежбал со полна пареа, бил многу оптимистички настроен, секој ден се движел, јадел многу овошје и пиел многу вода во текот на својот живот. Неговото мото е дека никогаш не е доцна за нешто да се направи, пишува BuzzFeed.

„Имам 80 години и го живеам сонот. Кога ќе помислите дека е премногу доцна за нешто немојте да дозволите тоа да ви биде изговор за откажување. Никој не може да ве спречи да успеете во нешто освен вие самите“, вели тој.

поврзани објави

Последни објави