6.8 C
Skopje
Tuesday, October 8, 2024

Татко ја натерал ќерката да пешачи 8 километри до своето училиште, и тоа на дожд: Објавил видео од она што го направил ќерката по што следувала лекција

Татко од Охајо решил да ја научи својата 10 годишна ќерка на лекција откако била избркана од автобусот во кој се превезувала таа и нејзините соученици од училиште. Имено, проблематичното девојче неколку пати ги вознемирувала своите врсници и два пати била избркана од автобусот поради непримерно однесување.

Првиот пат нејзиниот татко ја возел со неговиот автомобил до училиштето и назад, но откако настанот се повторил, тој решил да ја научи на лекција својата мала ќерка и дека нејзиното однесување спрема другите дечиња е неприфатливо.

Оваа слатка девојка е мојата 10 годишна ќерка која по втор пат е избркана од автобусот во кој се возат таа и нејзините соученици поради малтретирање кон нив од нејзина страна, ја започнува таткото приказната.

Фото

Наместо ја да искара, по излегувањето од автобусот односно откако е избркана, таткото решил да ја следи со автомобилот на патот до дома, како би се уверил дека неговата ќерка ќе стигне дома безбедна, но истовремено сакал да ја научи неговата ќерка на животна лекција.

Неговото девојче морало да избере – или би се однесувала убаво, или секој ден би пешачела 8 километри до дома.

Многу родители не би се согласувале со ова, но ова го правам поради тоа што верувам дека ова е вистински начин мојата ќерка да ја научи лекцијата, а со тоа да престане да малтретира други деца, туку да почне да се дружи нормално како што треба со нив. Ова видео е прегледано повеќе од 22 милиони прегледи.

поврзани објави

Последни објави