-0.2 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Видео: Реакцијата на Тито кога вратите од автомобилот му ги приклештија рацете – шоферот се уплаши

Кога Јосип Броз Тито ја посетил Шведска во дамнешната 1976. година, му се случи незгода. Имено, во тогашната посета на премиерот Улоф Палме, Тито при излегувањето од својот автомобил беше буквално приклештен од вратите на својот автомобил.

Тито при излегувањето од автомобилот се фати за ивицата на вратата, со цел да стане побрзо, а возачот сосема случајно во истиот момент ја залупи вратата и ја приклешти раката на Тито.

Маршалот викна, а возачот брзо му ја ослободи раката, притоа правејќи гримаса на лицето со која покажува страв. Сепак, Тито и покрај болките продолжи понатаму исто како ништо да не се случило. На снимката се гледа како тој на гостите потоа им објаснува што му се случило, притоа гестикулирајќи со раката. Погледнете го ова видео од 1976. година.

поврзани објави

Последни објави