2.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Најпознатиот кардиохирург на светот тврди: Појадокот е зло, дајте го на непријателот

Познатиот руски кардиохирург, професор и академик на Руската академија на науките, воедно и главен кардиохирург на министерството за здравство на Русија, ја поби тезата за традиционалната исхрана. Според неговиот зборови, она што сите го знаеме за храната е лага.

-Онаа познатата изрека: Појадокот изеди го сам, ручекот подели го со пријателите, а вечерата дај му ја на непријателот е потполна глупост. Кога се разбудите, телото почнува да се привикнува на работна сила, а вие седнете на маса и изедете многу месо, неколку кришки леб и со тоа дополнително консумирате некаков пијалок. Тргнете на работа со полн стомак. Тогаш сте си тешки на самите себе.

Кога соработував со Американците, приметив дека голем број хирурзи наутро пијат само една шолја кафе. Дури напладне јадат еден сендвич и тоа го нарекуваат ручек. Во вечерните часови доаѓаат дома, јадат нормална храна, пливаат во базен, читаат или одмораат.

Значи, појадокот дајте му го на непријателот, ручајте околу пладне и нормално вечерајте (но, не во доцните часови) и на крај прошетајте пред спиење или вежбајте.

Според моето искуство љуѓето кои го прават тоа живеат долго и здраво.

Овој совет на познатиот руски хирург го потврдија и неговите истражувања спроведени на Универзитетот Корнел. Таму било тестирано и како луѓето кои го прескокнуваат појадокот, лесно ја намалуваат својата килажа.

-Сфаќам дека прескокнувањето на појадокот е во спротивност со сето она што го знаете за здравата храна, но новите податоци не носат до сериозно размислување да се откажеме од појадокот. Секако, тоа се однесува на луѓето со добро здравје. Луѓето кои имаат проблем со дијабетис или хипогликемија, не смеат да го прескокнат појадокот“, додават од институтот.

поврзани објави

Последни објави