-0.2 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Мицкоски до Заев: Дали е ваш став дека додека дишете македонскиот воздух нема да се промени Уставот со цел промена на уставното име на Македонија?

Јасна е тенденцијата и на обвинителката и на судијката во процесот за 27 април. Не е битно името, битна е суштинската реформа. Ако сакаме фингирани реформи ќе си славиме со плоштадите со 30, 40 луѓе и ќе продолжиме вака како така. Ние сме за суштински реформи во правосудство, рече Мицкоски на новинарско прашање за 27 април зборувајќи на ТВ дуелот во „Само вистина“ со премиерот Зоран Заев.

Трајко Вељаноски како и сите претходно, имунитетот требаше да се симне, а потоа судот си одлучува. Бевме гневни поради тој потег на претседателот Џафери, тоа е пропуст, веруваме дека законот треба да важи еднакво за сите, а така требаше да биде и случајот со Трајко Вељаноски. Крајно време е Мицкоски да го осуди насилството, да ги осудите оние кои сакаа животи да одземат во столбот на демократијата, во храмот на дмеократијата. Ова не е дозволиво од ниту една политичка партија. Дали Вие јавно го осудувате насилството на 27 април? – праша Заев.

На ова Мицкоски рече: Веќе неколку пати сум го осудил, но ако вака ви причинува задоволство, го осудувам тој чин, но го осудувам и тој чин поради кој беше предизвикано насилството, исто како што го осудувам драконските санкции од судот. Имаме луѓе од Сирија како припадници на ИСИС со три пати помала казна. Знаете дека бев предмет на закана од вашите миленици кои се наоѓаат во затворот Шутка, а се припадници на оние од Диво Насеље. Еве јас не ве слушнав Вие да го осудите тој настан, рече Мицкоски при што Заев рече дека ги осудува тие закани.

Проблемот со името постои 27 години, учени од сите кочници, решивме да постигнеме договор. Кога се прифати правото на нашиот идентитет, имавме разбирање за нивното барање кое беше ерга омнес кое беше причина плус да се разграничува односно да нема едно име за дома, друго за надвор. Одлучивме да градиме пријателство и стратешко партнерство со Грција, рече премиерот Заев на прашањето за договорот за името. Правото на нашето самоопределување, дека сме Македонци, дека зборуваме Македонски јазик, дека е факт дека сме северниот дел од Македонија, тоа е моментот кога во текот на преговорите се одлучивме за решение ерга омнес, додаде премиерот.

На истото прашање односно за Преспанскиот договор, Мицкоски рече: Дали ние ќе го поддржиме Договорот кој го потпиша СДСМ и Заев со јужниот сосед, тоа за нас е капитулантски чин, ние практично себе се одрекуваме, ние во ниту еден момент не можеме да го прифатиме со ваква содржина. Тоа го кажавме на сите наши досегашни средби. Тука имавме кристално јасен став дека таа содржина на овој договор вековно ги одрекува Македонците. Дали ВМРО-ДПМНЕ стои на ставот дека треба да дојде до договор, апсолутно генерации преговарале за тој проблем да биде отстранет. Дали требало да има договор, апсолутно ДА, но не ваков договор, тој е потполно погрешен, не само што не нуди иднина, туку и дополнително ги комплицира односите меѓу двете земји. Ние сме Македонци како во резервоар, кажете ми на кој јазик зборуваат луѓето во Воден, а е различен од грчкиот? – праша Мицкоски.

Заев рече дека Македонскиот јазик и Македонци блеска во ОН. Македонскиот јазик е јазик на Македонците насегде низ светот, дома и надвор, јазик признаен од целиот свет, тоа е дел од нашиот идентитет, рече Заев.

Сите граѓани дали се во Воден, Кавала или каде на друго место, Грците имаат право да кажат дали зборат на друг јазик. За нив треба да кажат Грците односно Грција.

Додека дишам, додека го дишам овој македонски воздух, додека ме држи памет, нема да се промени уставното име. Дали е ова ваш став господине Заев?, рече Мицкоски, цитирајќи го премиерот Заев.

поврзани објави

Последни објави