-0.2 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

ГДУ: Требаше да добијат нула од Германците, за да се свестат дека нешто мора да се преземе

Требаше да добијат нула од Германците, за да се свестат дека нешто мора да се преземе. Големи планови и фалби слушаме од власта за капиталните инвестиции, проекти нема, само „промашени“ стотици милиони евра има. Ете затоа е и таа нула. Оправдана.
Откако стигна нулата, на Кочо Анѓушев му текна да се позанимава со капиталните инвестиции. Ќе формирал министерски тим, на чие чело ќе бил тој и ќе ги контролирале капиталните инвестиции.

Арно што се сетивте дека мора нешто да се направи, но не само да се контролира, туку и да се поработи.

„Договорот со Грција е совршен пример и неговата имплементација веќе ги носи првите резултати и сите ја чувствуваме рефлексијата. За помалку од 6 месеци од договорот, 2018-та година ја завршивме со 624, 5 милиони странски инвестиции, што е за 4 пати поголема сума во споредба со 2017-та година“, рече премиерот Заев на 6-тата трибина „Фер општество – шанса за сите“ во Куманово.

„Невработеноста во земјата е на историско најниско ниво и изнесува 19,4 отсто, што е намалување за 3,6% за само една година. Отворени се нови 26 600 работни места. Истовремено, исполнети се очекувањата на Владата, за раст на БДП во четвртиот квартал во 2018-та и тој изнесува 3,7%“. Платите и натаму растат. Иако очекувавме до крајот на 2020-та, верувам дека до крајот на оваа година просечната плата ќе достигне до 500-тини евра“, додаде премиерот Заев.

„Ако продолжиме со овој тренд“, нагласи премиерот Заев, „освен политички пример, Република Северна Македонија ќе биде и економски пример“.
Господа! Вие потфрливте со капиталните инвестиции и тоа лошо се рефлектира врз македонската економија! Ситуацијата е загрижувачка и ова значи дека мора да се направат итни промени во политиките.

Од капиталните инвестиции зависи динамиката и движењето на економијата. Господине Анѓушев, најмалку што се очекува од вас и вашиот тим е под итно да излезете со конкретен план, во кој карактерот и квалитетот ќе бидат во преден план.

Вие најавувате забрзување на капиталните инвестиции и лани но тоа не се случи.

Затоа доста е со најави и фалби, почнете со работа, се вели во соопштението на ГДУ.

поврзани објави

Последни објави