14.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Лиле Поповска: Ако не добиеме датум за преговори со ЕУ, ќе добиеме нова политичка криза, мораме да покажеме дека ова нас не боли

ВМРО-ДПМНЕ е партија која е борбена, не би се откажала од можноста да победи во вториот круг, па дури и ако знае дека нема да победи бидејќи може да освои повеќе гласови отколку првиот круг. На овие претседателски избори не е важен само победникот, туку е важно да бидат фер и демократски избори. Тоа е многу клучно за нашиот почеток на преговори во јуни. Од друга страна е битно за целата атмосфера во земјата повторно да се вратиме во водите на нормално и цивилизирано функционирање, рече поранешната претседателка на ДОМ Лиле Поповска во нејзиното гостување во „Само вистина“ на Канал5.

Апсолутно верувам дека може да се смени оваа ситуација која е наметната, односно ова е име наметнато од силните врз послабите. Ние немавме практично сојузник во ниту една од тие држави од ЕУ кои ни го наметнаа, тоа создаде траума кај сите нас и кај граѓаните. Природно е човек да не знае да го употребува, тоа е нешто што е наметнато. Ние во официјалните обраќање ќе мораме да го употребуваме, но не и таму каде што не е нужно. Не можам да бидам еуфорична за нешто кое ме натерале да го направам. Ние направивме преседан, прифативме нешто кое е надвор од било каква конвенција за човекови права. Го направивме ова под принуда поради тоа што сакавме да бидеме дел од структурите на ЕУ и НАТО. Дајте сега испорачајте го она што го кажавте. Пред присутните од дипломатскиот кор тоа го кажав. Ние девет години бевме уценувани со нерешеното име, се постави ова како ѕид. Ние поминавме низ ѕидот, се здробивме, се собравме повторно и продолживме напред, сакавме да бидеме од другата страна на ѕидот, рече Поповска во своето гостување во однос на прашањето за Договорот за името.

Јас апсолутно нагласувам дека ова е многу тешко и болно за нас, ние се исподеливме, очекуваме ЕУ да го исполни своето ветување и да покажат дека зборот е збор. Зошто Хан и Могерини беа во Преспа, како сведоци на Договорот. Испадна дека тие не се гаранти за ЕУ, рече Поповска.

Ние добивме ветување и мораме да им покажеме на нашите партнери од ЕУ дека ова не боли, додаде таа.

поврзани објави

Последни објави