Тетовската полиција го приведе Жарко Гроздановски, „лидер” на организацијата „Христијанско братство“, кој со видео–снимка објавена на социјалната мрежа фејсбук му се закануваше на премиерот Зоран Заев и на сите останати членови на владата, јави 24 Вести.
Од МВР информираа дека вчера во 19 часот и 50 минути во Тетово е уапсено 46-годишното лице Ж. Г. Од селото Брвеница, Тетово, кое околу 15 часот на социјалните мрежи, објави видео со заканувачка содржина.
Прочитајте повеќе: Во вечерашното гостување на шефот на изборниот штаб на ВМРО-ДПМНЕ за претседателските избори, Игор Јанушев, изјави дека кандидатката Сиљановска има голема предност во тотал кај сите избирачи, без разлика дали станува збор за Македонци, Албанци, Власи, Бошњаци,Турци, Срби и сите останати.
Тој рече дека сите негови средби и разговори со граѓаните низ Македонија во изминатите два месеци одат во насока во насока на потврдување на победата на професорката Сиљановска.
-Бојкот нема да има, може да има после првиот круг ако СДСМ повика на бојкот. ВМРО-ДПМНЕ ниту повикало, ниту ќе повика, ВМРО-ДПМНЕ ќе излезе референдумски, сите поддржувачи на Гордана Сиљановска Давкова ќе излезат референдумски и ќе ви нанесат таков страшен пораз што за неколку месеци ќе морате да распишете парламентарни избори, му порача Јанушев на Кирацовски.