-0.2 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Јанушев: По резултатите од првиот круг СДСМ може да повика на бојкот, ќе добијат страшен пораз

Планираме кампања во која активисти на ВМРО-ДПМНЕ, луѓе од тимот на професорката Силјановска ќе го посети буквално секој граѓанин. Ќе имаме промена во она што од минатото сме го правеле на митинзите, ќе имаме денови каде што ќе имаме повеќе од четири посетени места односно митинзи на ден. Ќе имаме два големи митинга, каде ќе ги повикаме сите оние кои ја поддржуваат професорката Силјановска. Првиот митинг традиционално ќе го почнеме од Охрид. Во оваа победничка кампања ќе започнеме токму од таму, рече генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев во ТВ дуелот со Кирацовски од СДСМ на 1ТВ.

Во изминатите два месеци посетив над 50 60 населени места, градови и села. Она што го гледаме на анкетите е она што го гледаме и од атмосферата во општеството. Затоа, убедени сме дека единствено можно сценарио е победа на професорката Силјановска Давкова. Реалноста е сосема друга.

Бојкот може да има само ако СДСМ повика после резултатите од првиот круг. Сите поддржувачи на ВМРО-ДПМНЕ ќе ви дадат таков страшен пораз што ќе морате да распишате предвремени парламентарни избори.

поврзани објави

Последни објави