6.8 C
Skopje
Thursday, December 12, 2024

Еѓипќанинот Калгури: Не барајте го гласот на Еѓипќаните се дури го занемарувате нивното постоење во Македонија

Студентот на филозофскиот факултет Ариф Калгури од Охрид, кој припаѓа на еѓипќанската етничка заедница во изјава за „Поглед“ вели дека партиите го занемаруваат постоењето на Еѓипќаните во Македонија, додека истовремено истите го бараат и нивниот глас.

Уште во 1970 година Еѓипќанската етничка заедница ги прави првите напори за добивање на сопствена графа „еѓипќани“ во пописите на поранешна Југославија и Македонија одделно.

И покрај нивните напори, после 28 години независна и самостојна држава, Еѓипќаните се уште ги нема како посебна етничка заедница која живее на просторите на Македонија.

Зошто ниту еден од политичките елити не ги спомнува Еѓипќаните, а кога ќе дојде време за избори бараат поддршка од нив, прашањето е: Дали воопшто има партија или поединец што го заслужува нашиот глас, притоа го занемарува постоењето на Еѓипќаните? – прашува Калгури.

Прашањето на Ариф е до и Еѓипќаните функционери е до кога тие ќе молчат за ова и кога конечно ќе се залагаат за ова прашање и ќе успеат во намерата Еѓипјаните да ги има во преамбулатa на уставот и да бидат сппменувани од политичките елити не само во текот на изборниот процес, туку и за нивните права како припадници на одредена етничка заедница.

Калгури вели дека Еѓипќаните како етничка заедница ги има најмногу во југозападниот регион, поточно во Охрид, Струга и Дебар, а помалку во Ресен, Тетово и Гостивар. Тој додава дека пратеникот Рубин Земон кој е претседател на „ПОЕН“ се бори за нивните права во државата и се надева дека истите еден ден ќе им бидат загарантирани од институциите на државата.

поврзани објави

Последни објави