14.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Колев до Виничани: Дајте им шанса на младите и храбрите да променат нешто

Претседателот на Граѓанско Демократската Унија, Петар Колев, вчера вечер се обрати кон јавноста во Виница, каде што беше отворен локален клуб на неговата партија.

Колев ги повика Виничани да помислат на прашањето што добија тие и нивниот град од празните ветувања на политичарите од двата големи табори на СДСМ и ДПМНЕ. Колев во своето обраќање го стави акцентот врз искреноста на политичарите, алудирајќи на тоа дека „паметните“ играчи од двете најголеми партии прекрасно знаат како да ги изманипулираат и така намачените граѓани.

„Дајте им шанса на младите и храбри луѓе да променат нешто, дајте им ја Вашата доверба, бидејќи тие се искрени и сакаат да ги сменат работите на подобро“-истакна Колев.

Претседателот на ГДУ ја подигна темата и за масовното иселување на луѓе од Виница, потсетувајќи на тоа дека, овој проблем е резултат на неодговорното однесување на сите што раководеле со градот без разлика на која од двете големи партии и припаѓаат.

поврзани објави

Последни објави