Друже Заев ми ти се кунемо, ако Заев е како Тито која е Јованка Броз? Се само дел од коментарите на социјалните мрежи кои го преплавија интернет просторот, откако Директорот на Агенцијата за млади и спорт Дарко Каевски, го спореди премиерот Зоран Заев со Тито.
Живеат ли уште старите концепти за негување на култот кон лидерот? Дилема што особено се наметна откако пред Каевски, јавноста ја слушна и кумановската активистка, која на трибина јавно го фалеше Заев за неговите политики.