8.8 C
Skopje
Tuesday, December 10, 2024

Поврзаноста на Шабан со неговото семејство: Фотографија која ќе ви го скрши срцето (Фото)

Колку многу се грижел за својата фамилија кралот на народната музика Шабан Шаулич, зборува и фактот дека на неговата сопруга Гордана, како и на нивниот син Михаил, ќерките Санела и Илда, има посветено по една песна, кои со задоволство ги исполнувал за време на фамилијарните собири.

Шабан пред да замине од овој свет, својот глисер го крстил по имињата на неговите внуци Лука, Уна и Ема, што дополнително го потврдува фактот колку многу бил поврзан со неговото семејство. Во последните неколку месеци од неговиот живот се зборуваше дека има напишано песна за неговата внука Уна, но за жал не успеа да ја пласира во јавност.

Шабан Шаулиќ на 17 фебруари го загуби својот живот во страшна сообраќајка која се случи во Германија. Неговата фамилија пред неколку денови одбележа четириесет дневен помен.

поврзани објави

Последни објави