Нема преживеани – Се сруши авион близу Франкфурт

0
1

Германските медиуми прененесуваат дека пред неколку моменти авион со пилот и два патника се срушил во близина на Франкфурт, а уште две лица страдале во сообраќајна несреќа на автомобил и полициско возило кое се движело кон местото на несреќата.

Авионот полетал од Франција и бил на пат кон градот Егелсбах кога се срушил и запалил на поле недалеку од местото Ерхаузен кое е 10 километри од Франкфурт.

Од полицијата потврдија дека во леталото имало три лица кои починале. Германската новинска агенција ДПА јавува дека три полицајци кои биле во возилото, кое удрило се тешко повредени, додека за жал, двајцата патници во другиот автомобил настрадале на лице место.

Меѓу патниците била и една од најбогатите жени во Русија, Наталија Филева. Пред малку, за смртта на Филева објави и познатиот магазин Блумберг.

Извор: Галама

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here