Изодевме долг и тежок пат за да стигнеме тука, но заедно можеме многу повеќе, порача претседателскиот кандидат на СДСМ и коалицијата Стево Пендаровски.
Денес носиме одлука да продолжиме напред, затоа што заслужуваме модерна, европска држава – порача преку видеозапис претседателскиот кандидат.
#ЗаедноНапред 🇲🇰
Posted by Stevo Pendarovski on Monday, April 1, 2019
Во видеото- спотот со песната „Сите едно пееме“ се претставени убавините на земјава, како Канео, револуционерното Крушево, Старата чаршија, фудбалската и ракометната репрезентација, но и Блаже Конески и спомениците на Гоце Делчев и на ослободителите на Скопје.