И додека во предизборната кампања на граѓаните во Општина Делчево им се ветуваше подобар живот, реконструкција на патишка како и музеј, на жителите во с. Очипала им беше ветено реконструкција на пристапни патишта до селото, решавање на проблемот со електрификационата мрежа, уредување на депонијата со градежен шут како и решавање на проблемот со дивите депонии, пишува порталот Infonews.mk.
Како што информира порталот, во С. Очипала, Делчевско, може да се забележи слика на дива депонија, истата онаа која ветуваше пред локални избори дека ќе ја реши), слика од животни кои го загубиле животот, еколошка катастрофа која набрзо ќе предизвика и различни вируси и болести. Со ова, како што пишуваат колегите од порталот Infonews.mk дополнително се загрозува здравјето на жителите.
Прашањето е: Кога ќе се реши проблемот и кога ќе реагираат институциите? Прочитајте повеќе на Infonews.mk ОВДЕ