2.8 C
Skopje
Friday, April 19, 2024
Платено политичко рекламирање

Апелација го ослободи Заев, ВМРО-ДПМНЕ со реакција: „Кацарска судството“ уште еднаш се пошегува со правдата во државата

Скопскиот апелационен цуд денес ја потврди ослободителната пресуда за премиерот Заев во случајот кој се водеше против него „Поткуп“. Помина околу една година период откако Кривичниот суд не најде вина кај Заев за барање поткуп, денес Апелација само потврди.

Апелационен суд Скопје:

„Апелациониот суд Скопје известува дека, постапувајќи по кривичниот предмет во јавноста познат како „Поткуп“, по одржана не јавна седница, донесе пресуда со која жалбата на Обвинителството за организиран криминал и корупција ја одби како неоснована и ја потврди пресудата на Основниот суд Скопје 1“.

За потсетување Зоран Заев како градоначалник на Струмица беше обвинет дека од локален бизнисмен побарал 160 илјади евра мито за продажба на државно земјиште. На Јутјуб каналот мистериозно се појави и видео од разговорот во кабинетот на тогашниот градоначалник Зоран Заев. На 21 мај лани, Кривичен донесе ослободителна пресуда за Заев. Ваквата одлука до Апелација ја обжали обвинителството.

Од ВМРО ДПМНЕ преку соопштение до јавноста ја прокоментира одлуката, и како што велат тие „Кацарска судството“ повторно се пошегува со правдата во државата.

„На денот на шегата, „Kацарска судството“ одлучи уште еднаш да се пошегува со правдата во Република Македонија и да го амнестира Зоран Заев за барање поткуп. „Кацарска судството“ го чекаше 1 април и почетокот на изборната кампања за да се пошегува со граѓаните убедувајќи ги дека тоа што го виделе на снимка, всушност не го виделе. „Кацарска судството“ ги потценува граѓаните со обидот да ги убеди дека Зоран Заев не е на снимката или дека барањето од „едно евро за црквата и едно евро за Вице-то“ не е криминално барање на поткуп.

„Кацарска судството“ со денешната одлука на апелација правосилно да го ослободи Заев, ги претвора на „Мирчо свињарникот“ и менувачницата на Вице во официјални институции за наплата на рекет и решавање на проблемите на бизнисмените.

„Кацарска судството“ не може толку да го амнестира Заев, колку што Заев е алчен и склон на криминал и корупција. Зоран Заев е единствен политичар во Европа три пати амнестиран за тежок криминал. Првиот пат за криминал тежок 8 милиони евра во случајот „Глобал“, вториот за „Пуч“ и третиот за 200 000 евра кои ги бараше како поткуп од струмички бизнисмен.

Наближува денот кога правдата ќе се врати во Македонија и секој ќе одговара за сторениот криминал или замижувањето пред криминалот и коалицирањето со криминалците“, стои во соопштение од ВМРО ДПМНЕ.

поврзани објави

- Advertisement -
- Advertisement -spot_img

Последни објави