8.8 C
Skopje
Wednesday, December 11, 2024

Заев: Мораме да гласаме за вистинскиот пат, не смееме да дозволиме да скренеме од вистинскиот пат

Премиерот Заев на синоќешната изборна конвенција за Стево Пендаровски како кандидат за иден претседател на Република Северна Македонија истакна дека сите имаат единствен пат и правец, а тоа е патот кон ЕУ и НАТО. Мораме да излеземе на избори, мораме да недозволиме да скренеме од вистинскиот пат, мораме да гласаме за вистинскиот пат, мораме да гласаме за напред, за бројот 3, за Стево Пендаровски.

Во својот говор поддршка побара и кандидатот за претседател Стево Пендаровски. Во оваа земја мораме да мислиме за иднината на нашите деца а тоа ќе го направиме само ако ги избереме вистинските опции. Ова е вистинскиот избор, рече Пендаровски кој доби поддршка и од Имер Селмани кој во 2009 година беше кандидат за претседател на државата.

На самиот почеток од својот говор Стево Пендаровски ги повика присутните сите заедно да ја испејат химната на Македонија бидејќи како што рече опозицијата сакале да прикаже дека истата е забранета со Договорот од Преспа.

поврзани објави

Последни објави