Во рафинеријата за нафтени деривати во Ријека, денес дојде до експлозија во внатрешноста на фабриката, а како што пренесуваат од таму повредени лица нема.
Сите работни активности се апрени, додека работниците биле евакуирани. Од рафинеријата изјавија дека се среќна што сите вработени се здрави и живи.
Истрагата за тоа од што настанала експлозијата се уште е во тек, а се прават пресметки и за настанатата материјална штета. Сите надлежни екипи се на терен, а присутни се и екипи на противпожарната единица, бидејќи се стравува да не дојде до нова експлозија.
Експлозијата настанала во 15:30 часот, време кога за среќа работниците се подготвувале да ја напуштат зградата, односно кога завршило работното време.