Познато е дека пејачката Наташа Беквалац е голем љубител на домашни животни, а на социјалната мрежа Инстаграм по повод денот на животните скитници, одлучи да ја сподели својата потресна приказна.
Имено во јавноста е познато дека Наташа често знае да вдоми некое животинче, но сепак за едно беше посебно поврзана. Во прашање е нејзиното семејно куче, кое и нејзините ќерки го обожавале, а кое за жал ги напушти.
„Денес е ден на животните. До неодамна живее со две домашни миленици, Јаца и Лана. Пред неколку месеци Јаца заспа и никогаш повторно не се разбуди. Цели 18 години ми беше најдобра другарка, со неа моите две ќерки научија да одат, тоа беше љубов која можат да ја разберат само оние кои 18 години ја делеле перницата со ваква душичка, најубавото куче на светот. Засекогаш во моето срце“, напиша Наташа.
Беквалац потоа додаде дека едно од нејзините миленичиња го прибрала од улица, и дека само со помош на голема љубов успеала да го припитоми и да го прилагоди на живот во стан.
„Мила е ретриверка која беше оставена на снегот заедно со нејзините три кученца. Откако пронајдов домови за нејзините деца, се соочивме со нејзините тешки болести. Две години траеше борбата, а денес таа е здраво и преубаво куче. Долго време се чудев дали да ја дадам во центар за згрижување на кучиња, но таа како да знаеше дека се обидувам да пронајдам грешка кај неа, па цело време бараше само љубов. Денес Мила е член на нашето семејство“, заклучи пејачката.