11.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Силјановска Давкова: Сите треба да се срамиме од тоа што државата не најде начин погласно да збори за Македонците од Егејскиот дел

Кандидатот за претседател од ВМРО-ДПМНЕ професорката Гордана Силјановска Давкова: Не знам дали можам да ја изговорам пораката дека се срамам искрено.

Мислам дека сите треба да се срамиме, зошто се работи за една од најголемите, најтегобните, најтешките македонски трагедии. Со право велат повеќето од овде присутни, директно допрени од оваа трагедија дека не се сигурни дали треба да говорат за бегалци и за прогонети.

За жал оваа држава не собра сила, не најде начин погласно да прозбори за егејската одисеја, за Македонците од Егејскиот дел, кои денеска се распослани по светот и повторно загрижени. Не знам значи дали било потешко тогаш или им е потешко сега.

Прашање: Што Вие како иден претседател им понудивте и како ќе им помогнете?

Одговор: Јас прво можам да ги сослушам, да ги разберам и претходно сум се обидувала да ги разберам. Се разбира јас како некој кој предава Уставно право можам прашањето да го гледам низ светлината на европските документи за правата на малцинствата. Тоа е Рамковната конвенција за заштита на правата на малцинствата и Конвенцијата за регионални малцински јазици. Грција ја има потпишано правата, но ја нема ратификувано. Грчки професори препорачуваат да ја потпише и втората, и да ги ратификува обата. Јасно обзнануваат дека во Грција имало и има малцинства, ама се чини дека проблемот не е грчки туку е и македонски. Ако ние велиме дека прашањето на малцинствата е внатрешно прашање на една држава и дека секое споменување на Македонците во Егејска Македонија значи мешање во внатрешните работи ние имаме сериозен етички проблем.

Прочитајте го целиот текст на порталот Курир.

поврзани објави

Последни објави