11.8 C
Skopje
Sunday, April 14, 2024
Платено политичко рекламирање

Дали смееме да палиме свеќи за живите: Грешки кои несвесно ги правиме во црква

Според верувањата на народот, во црква се палат онолку свеќи колку што се споменуваат имиња во молитвата. Се верува дека една свеќа се пари за една душа.

Порано свеќите се користеле во куќите и храмовите со цел да се осветли просторијата. Во почетокот, тие доминираа во храмовите. Со текот на времето свеќата станува симбол за светлина која се поврзува со добар почеток.

„Јас сум светлина на светот“, вели Исус. На оваа основа можеме да заклучиме дека свеќата не е симбол на човечките души.

Според рускиот свештеник Александар Белослудов, свеќата е симбол на молитвата. Но нејзиниот пламен не ја заменува молитвата.

Свеќата, како и иконите и темјанот имаат функција кај верниците да предизвикуваат духовно расположение. Па така купувањето и палењето на свеќи во црквите според овој свештеник нема никакво значење, освен чиста донација за црквата.

На Бога единствено му е важно нашето чисто срце и искрена молитва, а колку свеќи ќе запалиме и на кому ќе ги именуваме, тоа не е воопшто битно.

На прашањето на верниците дали свеќите за молитва можат да се палат и на некое друго место освен во црква, руските свештеници велат дека најбитно е да се молиме за нашите души, а свеќа можеме да запалиме на секое место каде мислиме дека е потребно.

поврзани објави

- Advertisement -

Последни објави