6.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Баба го издава својот огромен стан целосно бесплатно: За возврат бара само едно

На еден од најпознатите сајтови за огласи, се појави понуда која навистина звучи неверојатно. Во прашање е стан од 150 квадрати во Белград, со клима, камин, интернет, тераса и паркинг. Како што е наведено во соопштението, една стара госпоѓа која живее сама, станот се издава безплатно, но исклучиво на женско лице, кое е достоен студент, да живее со нејзе до крајот на студирањата.

Во текстот стои дека газдарицата на станот е при здрава памет и со ведар дух, со неодамна нарушена здраствена состојба поради стрес од ненадејно губење на сакана личност.

Доживеала инфаркт и полесна операција, од што успешно се опоравила. Она што е навистина важно е дека овој оглас не е од личноста на која и треба помош или грижа, па станот се нуди целосно бесплатно.

„Овој оглас го објавил роднина во договор со бабата, затоа што цела фамилија е со обврски и посакуваме некој примерен да живее во станот со нашата баба, со цел таа да биде сигурна и да не биде сама. За возврат очекуваме девојакта да биде одговорна, чесна, образована, хумана и нормална, да се однесува како во своја куќа и како со својата баба.

Личноста не мора да биде медицинска сестра или чистачка за бабата, освен понекогаш да купува неопходни лекови и храна, стои во огласот.

Малку е да се каже дека овој оглас предизвикува солзи кај читателите. Огласот е привлечен, но се уште е отворен, барајќи добра девојка која ќе живее со бабата.

поврзани објави

Последни објави