27.8 C
Skopje
Thursday, June 13, 2024

Заев се огласи по барањето на Мицкоски за предвремени избори и му испрати директна порака

Премиерот Заев во интервјуто за ТЕРА ТВ вечерва зборуваше за евентуалните предвремени парламентарни избори, во кои како што вели тои, доколку се случат, Мицкоски ќе замине во историјата.

„Ако му дадеме на Мицкоски предвремени избори, ќе го згазиме“. Вака одговори премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев, на прашањето за евентуалното организирање на предвремени избори.

Според премиерот Заев, предвремените избори лошо ќе влијаат врз економијата на државата, па така според него, не треба да се организираат.

„Јас лично сум против предвремени парламентарни избори. Сакаме да и дадеме шанса на економијата во државата и напредокот“, истакна премиерот.

поврзани објави

Последни објави