6.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Сите во неверување: ексградочалничката на Кисела Вода повеќе не е меѓу нас

Познатата актерка Билјана Беличанец – Алексиќ, воедно и поранешна градоначалничка на Кисела Вода, повеќе не е меѓу нас, објави порталот А1.он.

Како што пишува во веста, Беличанец била пронајдена мртва во стан во Скопје.

Причините за смртта до овој момент не се познати, но истата информација е потврдена од МВР. Од полицијата најавиле повеќе информации во текот на утрешниот ден.

Беличанец е родена на 25 јули 1973 во Скопје. Во 1994 година дипломирала како најмлад актер на Факултетот за драмски уметности на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје и истата година се вработува во Народниот театар „Војдан Чернодрински“ во Прилеп, каде претежно игра главни улоги за кои подоцна добива награди и признанија.

Во 1997 година се вработила во Драмски театар – Скопје. До сега реализира бројни главни и споредни улоги во повеќе театарски проекти во Драмски театар и други инстутуции и проекти.

Во периодот од 2013 до 2017 година ја извршуваше функцијата градоначалник на Општина Кисела Вода.

поврзани објави

Последни објави