Во модниот свет непрестано се случуваат неверојатни соработки, сведоци сме во последно време дека спортистите се повеќе рекламираат модни брендови и стануваат заштитни лица . Таквиот тренд полека но сигурно се случи и во нашата земја.
Најуспешниот државен првак во пинг понг неодамна стана дел од модната агенција ModelsIN. За Петар Костовски доволно е да се каже дека првиот медал го освојува на 8 години , како и освојувањето на државно првенство за сениори како најмлад во историјата на Македонскиот пинг-понг.
Заради добрата форма и кондиција како и сите врвни спортисти, Петар многу вложува во себе преку напорни тренинзи и припреми. Би сакале многу повеќе модели дс бидат посветени и истрајни како Петар вели модниот агент Алек Наумовски, – Кога некој е во одлична форма и притоа супер изгледа нас ни е предизвик да работиме и да постигнеме заеднички успех во моделингот.Во тек се неговите припреми за светското првенство во Унгарија Будимпешта , а потоа ќе може на модните ангажмани кои му де нудат.